Дибала од пенал ѝ донесе три бода на Рома (ВИДЕО)

Рома се намачи на гостувањето кај Венеција (1-0) за деветтата победа во Серија А оваа сезона, со која се приближи на трката за позициите кои водат во европските купови.

Двете екипи имаа многу шанси, но само една од нив беше реализирана, и тоа со удар од белата точка во 57. минута од натпреварот.

Пауло Дибала ја презема одговорноста од пенал и успеа да ја затресе мрежата на домаќините за водство од 1-0, по што Рома ја зачува предноста до самиот крај.

Римјаните имаат 34 бодови на деветтата позиција, додека Венеција е претпоследна со само 16 поени.