Дибала не потпишува за Интер, но ќе се пресели во Милано

Интер се откажа од идејата да потпише со Пауло Дибала, бидејќи го договори Ромелу Лукаку на едногодишна позајмица. 

„Нераѕурите“ немаат толкав буџет за да плаќаат многу ѕвезди во нападот како Лукаку, Лаутаро Мартинез, Хоакин Кореа, Един Џеко, па и Дибала. Аргентинецот сепак би можел да се пресели во Милано, но во редовите на Милан.

Актуелниот шампион е во потрага по класична „десетка“ и фудбалер, кој би можел да игра на крилните позиции. Дибала влегува во оваа категорија, но проблем може да бидат неговите финансиски барања. Тој сака плата од 7,5 милиони евра годишно, а Милан може да му понуди само шест. 

Поранешниот фудбалер на Јувентус е слободен агент откако му истече договорот, а интерес за неговите услуги има и од Севилја и уште неколку други клубови.