Девојката на Дибала откри: Пред три дена ни беше многу лошо!

Аргентинската ѕвезда на Јувентус, Пауло Дибала беше третиот фудбалер на „старата дама“ кој заболе од новиот Ковид-19, откако претходно позитивни на новиот вирус беа Даниеле Ругани и Блаисе Матиуди, па девојката на „десетката“, Оријана откри како го поминуваат времето во самоизолација, посочувајќи дека имале и „тридневен кризен период“.

Дибала веќе девет дена е во изолација, а Оријана откри за аргентинските медиуми дека најлошиот период е веќе зад нив, па на 31 март ќе им бидат направени нови тестови за да се види дали коронавирусот исчезнал.

„Сега сме подобро, добро се чувствуваме, ама пред два-три дена ни беше навистина лошо. Девет дена веќе сме во изолација, а лекарите ни рекоа дека на 31 март повторно ќе нè тестираат. Во меѓувреме ни дадоа упатства да одмараме и да пиеме некои витамини. Ова е нешто како да имате грип, ве боли сè, цело тело, чувствувате умор. Јас немав треска, ниту висока температура, ама одеднаш слушнав чуден збук од моите бели дробови. И потоа одеднаш Пауло почна многу лошо да се чувствува. Кај нас симптомите беа како кај грип, но...“, раскажува Оријана.