Ден за шишање - Јунајтед ја брка петтата победа по ред во Премиер лигата!
Денеска е 493. ден откако овој навивач на Манчестер Јунајтед започна предизвик и вети дека ќе ја потстрижи косата кога тимот ќе врзе пет победи по ред во Премиер лигата.
Првпат откако го вети тоа, Јунајтед има четири победи во низа и од денешниот дуел со Вест Хем ќе зависи дали ќе заврши голготата на Илет и работите повторно ќе се вратат од почеток.
Со доаѓањето на Мајкл Карик тргнаа и победи, беа совладани Сити, Арсенал, Фулам и Тотнем, па се чини дека Вест Хем е идеален противник за петта победа по ред, но во Премиер лигата никогаш не се знае.
„Ова е првпат да имаме четири победи по ред откако го започнав предизвикот. Вест Хем е следен, се случува. Благодарност до нашиот тренер Мајкл Карик“, рече Илет.