Дембеле и официјално во дресот на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид го засили нападот со францускиот интернационалец Муса Дембеле од Лион. 

Голгетерот доаѓа на „Ванда Метрополитано“ на шестмесечна позајмица од таборот на фрацускиот прволигаш. Атлетико не открива дали има клаузула за целосен откуп на договорот на Дембеле на лето.

Тој доаѓа како замена за Диего Коста, кој го раскина договорот со „атлети“ пред 10 дена. Дембеле освен за Лион во својата кариера играше и за Фулам и Селтик, а потекнува од младинската академија на ПСЖ.

Има 24 години и ги мина сите младински репрезентации на Франција. Засега нема одиграно ниту еден меч за сениорите.