Децата на Барса го елиминираа Интер, Ајакс исто така во „аут“ (ВИДЕО)

Барселона славеше на гостувањето кај Интер со 2-1 и го елиминираше италијанскиот тим од пласман во осминафиналето во Лига на шампиони. 

Каталонците настапија речиси со резервен состав и повторно славеа на „Џузепе Меаца“, а кобни за „нераѕурите“ беа децата на шпанскиот шампион Карлез Перез и Ансу Фати. 

Перез погоди во 23-тата минута за 0-1, но пред крајот на првото полувреме Ромелу Лукаку погоди за 1-1. Шок на „Меаца“ се случи во 87-та минута кога младиот Фати реализираше за 1-2 и победа на Барселона. Со овој пораз Интер остана без пласман во осминафиналето, бидејќи Борусија Дортмунд на вториот натпревар во групата Ф славеше со 2-1 против Славија Прага.

„Нераѕурите“ ќе играат во Лигата на Европа како утешна награда.

Ланскиот полуфиналист Ајакс исто така не успеа да се пласира во елиминациите, откако на домашен терен загуби од Валенсија со 0-1. На Холанѓаните им требаше барем бод за да обезбедат „виза“ за нокаут-рундата, но Родриго во 24-тата минута ги сруши сите надежи. Валенсија со оваа победа му се приклучува на Челси во елиминациите од групата Х. „Сините“ со 2-1 беа подобри од Лил. 

ГРУПА Е
Салбург - Ливерпул 0-2
Наполи - Генк 4-0

ТАБЕЛА
1. Ливерпул 13
2. Наполи 12
3. Салцбург 7
4. Генк 1

ГРУПА Ф
Интер – Барселона 1-2
Б. Дортмунд – Славија П. 2-1

ТАБЕЛА
1. Барселона 14
2. Б. Дортмунд 10

3. Интер 7
4. Славија П. 2

ГРУПА Г
Лион – Лајпциг 2-2
Бенфика – Зенит 3-0

ТАБЕЛА
1. Лајпциг 11
2. Лион 8

3. Бенфика 7
4. Зенит 7

ГРУПА Х
Челси – Лил 2-1
Ајакс – Валенсија 0-1

ТАБЕЛА
1. Валенсија 11
2. Челси 11

3. Ајакс 10
4. Лил 1