После 18 години Даниеле Де Роси му кажа збогум на „Олимпико“, на својата Рома, на романистите, навивачите, кои како и пред две години кога во пензија замина иконата Франческо Тоти не можеше да ги скрие солзите.

Де Роси е роден римјанин, дете кое во клубот дојде како навивач, а по 18 години си замина како – легенда. Застана рамо до рамо со Бруно Конти, Франческо Тоти, двајцата кои на раб на солзи го испратија последниот вистински капитен на Рома.

Емотивно беше синоќа во дождливиот Рим. Де Роси како што доликува беше испратен од својот дом, со овации и солзи, а тој им се поклони на навивачите кои постојано му даваа поддршка.