Де Лаурентис бара радикални промени: Вака веќе не можеме!
Критиките на Де Лаурентис доаѓаат откако Рахмани и Ангиса се здобија со повреди во настапот за своите репрезентации.
„Двајца мои фудбалери се вратија повредени и ќе пропуштат повеќе натпревари. Тоа е тема која со години се дискутира во ФИФА и УЕФА, но не ги интересира. Не можеме да продолжиме вака, ако се играат првенствата, мора да се играат без прекини со помалку тимови и помалку натпревари“, смета Де Лаурентис.
Според Де Лаурентис актуелниот систем е неодржлив и верува дека најдобро е да има радикални промени. Негов предлог е и дополнителен преоден рок.
„Мораме ако ништо друго, барем да добиеме трансфер прозор за да компезираме за губењето фудбалери“, додаде претседателот на Наполи.