Давид Луиз: Барнли игра анти-фудбал

Челси одигра само 2-2 на домашен терен против Барнли и не ги освои многу значајните бодови за борбата за местата кои водат во ЛШ. Дефанзивецот на „сините“ Давид Луиз ги критикуваше гостите и нивната игра.

„Дадовме се од себе, но тешко се игра против тим кој од две шанси постигна исто толку голови. Тоа што го правеше Барнли е антифудбал. Тие само сакаа да трошат време, симулираа, ја прекинуваа играта се бранеа со 11 играчи. Судијата како да не сакаше да види што се случува трабеше да го продолжи натпреварот повеќе од пет минут“, незадоволен беше Бразилецот.