Давид Алаба само што се врати, пак се повреди
Алаба штотуку се врати од долгата пауза, а ќе мора да одмори уште некоја недела поради повреда.
„По извршените тестови на нашиот играч Давид Алаба од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, констатирана е повреда на адукторниот мускул на левата нога“, стои во соопштението на клубот.
Според шпанските медиуми Алаба ќе биде надвор од теренот од две до три недели.