Дали Алегри го нападна раководството на Јувентус?

Дел од италијанските медиуми сметаат дека Масимо Алегри на денешната прес-конференција го нападна директорот Кристијано Џунтоли.

Јувентус во изминатите месеци игра во лоша форма и од втората падна на третата позиција на табелата во Серија А. Често се шпекулира дека по крајот на сезоната ќе има тренерска смена и на местото на Алегри ќе дојде нов стратег.

На денешната прес-конференција Алегри беше прашан дали жали за некои засилување во јануарскиот преоден рок.

„Клубот се грижи за трансфер стратегијата. Што е направено, направено е и не може сега да се промени“, одговори Алегри.

„Калчомеркато“ овие зборови на Алегри ги протолкува како директен напад кон директорот Кристијано Џунтоли и хиерархијата во клубот.

Во летниот преоден рок Јуве го донесе Тиаго Диало за 5,1 милион евра плус 2 милиони во бонуси, но тој уште не одиграл ни минута за Бјанконерите.

Уште поконтроверзен беше трансферот на Карлос Алкараз за шестмесечна позајмица која чини 3,9 милиони евра од Чемпионшип тимот, Саутемптон.

Во овој трансфер има опција за откуп од 49,5 милиони евра, сума која Јувентус никогаш и немал намера да ја плати.

Алегри го користеше Алкараз на само шест меча во Серија А, вкупно 192 минути.