Цветановски замина од Вардар и го засили Шкупи

Матеј Цветановски си замина од тимот на Вардар и го засили Шкупи, а притоа потпиша двегодишен договор со екипата од Чаир.

Цветановски играше одлично во првиот дел од сезоната во македонската Прва лига, но мораше да го напушти Вардар поради лошата финансиска состојба во клубот.

„Среќен сум што доаѓам во клуб со богата историја на домашна и меѓународна сцена. Понудата од Шкупи беше најдобра за мојата кариера. Се надевам дека ќе ја освоиме титулата. Сакам да им се заблагодарам на сите за пречекот. Познавам многу фудбалери во Шкупи и ќе се прилагодам за краток период“, кажа Цветановски.

Овој 23-годишен фудбалер претходно во кариерата настапуваше уште и за Македонија Ѓорче Петров и Пелистер.