Циркузи во Германија: Хамбургер славеше Бундеслига, па ги попари шок – ќе играат бараж!

Фудбалското лудило во Германија денеска продолжи со урнебесни сцени во Сандхаузен, каде поранешниот европски првак Хамбургер победи со 1-0 и сѐ изгледаше дека ќе обезбедат директен пласман, зашто директниот ривал Хајденхајм во Регенсбург губеше со 1-2 на минута пред крајот на регуларниот дел.

И Хамбургер почна со славје, после низа години во Цвајта повторно ќе се дел од Бундеслигата, само што тоа славје им почна предвреме. Во Регенсбург судијата даде дополнителни 11 минути за игра, а Хајденхајм со пресврт и два гола дојде до победа од 3-2, посебно со гол во стота минута.

И така на Хамбургер му преседна славјето. Наместо директно во елитата на Германија каде пласман веќе обезбеди Дармштад, директното место го освојува Хајденхајм, а екс-германскиот првак ќе мора во доигрување – бараж за пласман со третиот одзади во елитното друштво (Штутгарт).