Чурлинов со деби гол за Штутгарт (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов денеска го постигна својот гол првенец во дресот на Штутгарт во рамки на Втората Бундеслига.

Нашиот талент погоди во 88-та минута на гостувањето кај Динамо Дрезден и ги постави конечните 2-0. Чурлинов не беше во првиот тим, а влезе во игра во 57-та минута. Ова беше само негов четврти настап сезонава за поранешниот шампион на Германија, а денеска дефинитивно ја оправда довербата. Скопјанецот кој има само 19-години полека се наметнува во новиот тим, по трансферот од Келн во јануари годинава.

Со оваа победа Штутгарт се искачи на второто место на табелата со 51 бод по 29 натпревари и е на добар пат да се врати во најсилната германска фудбалска лига.