Чурлинов по операцијата на носот се врати на тренинг со - специјална маска! (ФОТО)

Македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов пред 10 дена имаше операција на носот откако претходно го скрши во еден дуел на тренингот на Штутгарт.

Првите најави беа дека младинскиот репрезентативец ќе пропушти два меча и ќе се врати на тренинг, а тоа конечно се случи вчера кога Чурлинов се појави со специјална маска.