Чурлинов доби шанса во финишот, Штутгарт освои бод против Шалке (ВИДЕО)

Штутгарт одигра 1-1 против Шалке во германската Бундеслига, а македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов доби шанса на теренот дури во финишот од натпреварот.

Шалке постигна гол за водство во 30. минута од натпреварот, по што Гонзалес израмни на 1-1 во 56. минута. Во последните минути беа забележани неколку добри шанси, но мрежите останаа да мируваат.

Чурлинов влезе во игра во 79. минута и не успеа да им помогне на соиграчите да освојат три бода.

Штутгарт по шест одиграни меча има девет бодови на четвртата позиција, а Шалке е претпоследен со два бодови.