Четвртолигаш продал 112.000 билети за - имагинарен натпревар!

Застојот на светскиот спорт поради коронавирусот за некои клубови може да биде кобен, како на пример словачка Жилина која прогласи банкрот, но некој успева преку креативност да си го олесни животот.

Таков е случајот со германскиот четвртолигаш Локомотива од Лајпциг. Верувале или не, овој тим успеа да изрекламира имагинарен натпревар, кој ќе се „одигра“ на 8 мај, дури и да продаде неверојатни 112.000 влезници за него!

Секоја од влезниците чини по едно евро и на фановите не им е ама баш никаков проблем да го направат овој симпатичен потег, додека се затворени по дома, а клубот убаво се офајди. Целта им е до 8 мај да стигнат до 120.000 билети, колку што биле продадени во 1987 година, во филането од Купот на саемски градови, против Бордо. 

Ова може да биде добар пример и за македонските клубови, а два од нив се веќе чекор понапред од Германците. Осогово и Вардар веќе „одиграа“ замислен натпревар на Твитер, кој заврши 5-5, па сигурно би им дошло добро ако некој придонесеше со симболична сума да „присуствува на трибините“.