Челси прокоцка триумф: Евертон стигна до голем бод на „Стемфорд бриџ“ (ВИДЕО)

Англискиот гигант Челси пропушти триумф против Евертон, иако водеше двапати на „Стемфорд бриџ“, па така остана на 11 бода зад топ-4 позициите.

Челси до водство стигна во 52. минута со добар гол на Жоао Феликс, по што Дукуре во 69. минута ги врати гостите во игра и израмни на 1-1.

Само неколку минути подоцна Џејмс изнуди пенал за „сините“, а истиот го реализира Хаверц за предност од 2-1, но Симс не дозволи домаќините да се радуваат на триумф, па на истекот на регуларните 90 минути стрелаше за 2-2.

Челси има 38 бодови на 10. позиција на табелата, односно 11 помалку од четвртопласираниот Тотнем, додека Евертон е на 15. место со 26 бода.