Челси планира да испрати шпански интернационалец во Рим!?

„Ла Република“ пишува дека управата на Лацио почнала преговори со шпанскиот фудбалер Педро Родригез, кој игра во Челси.

Лацио смета дека Педро е идеална замена за Фелипе Андерсон и ќе се обиде да го ангажира летово.

Понудата на Лацио за 30-годишниот крилен играч изнесува 25 милиони евра, а тоа би требало да ги задоволи членовите на управата на „сините“.

Шпанецот е член на екипата од Лондон од 2015. година. Сепак, шанса за игра претежно добиваше од клупа, па на 131 натпревар постигна 28 гола.