Челси летово прави вистинска чистка: 10 фудбалери си одат од Лондон

Хаким Зијеч е првото официјално засилување за Челси за следната сезона, Тимо Вернер е на пат да биде второто, а третиот приоритетен трансфер за „сините“ е Бен Чилвел од Лестер.

Јасно е дека за финансисрање на вака три големо трансфери потребно е да си заминат и доста фудбалери од тимот за сметките да бидат чисти пред УЕФА и Финансискиот фер-плеј.

Еден од оние кои сигурно ќе бидат продадени летово е Жереми Бога. Крилниот напаѓач игра на позајмица во Сасуоло и е на мета на најголемите италијански клубови. Уште еден фудбалер, кој е на позајмица нема иднина во Лондон, а тоа е Тимуе Бакајоко. Вилијан и Педро чии договори истекуваат летово нема да добијат нови, а на излезна врата се Емерсон Палмиери, како и Давиде Запакоста, кој оваа сезона е позајмен во Рома.

Маркос Алонсо може да си замине доколку Бен Чилвел дојде во Челси, а на трансфер-листата на менаџерот Френк Лампард се и Курт Зума, Рос Баркли и Миши Батшуаи.