Челси ќе продаде своја ѕвезда на Баерн, но само под еден услов!?

Баерн Минхен некое време се обидува да го ангажира младиот Калум Хадсон-Одои, а Челси иако ги одб сите досегашни понуди, сепак би можел да го продаде фудбалерот, но под еден услов.

Германскиот шампион ќе се обиде да понуди 38 милиони фунти во следниот обид да го ангажира Хадсон-Одои, а наводно Челси ќе ја прифати понудата доколку во договорот има откупна клаузула.

Челси не сака да ја направи истата грешка како со Кевин Де Брајне и Мохамед Салах, па сака да вгради клаузула во договорот, според која би можела да го откупи некогаш Одои за одредена сума.

Од друга страна, тренерот Маурицио Сари го критикуваше односот на Баварците и кажа дека нивните потези се непрофесионални.