Челси киксна и не го искористи подарокот од Арсенал и Тотнем (ВИДЕО)

Челси одигра само нерешено на домашен терен (2-2) против Барнли и не ги искористи подароците од своите лондонски ривали  Арсенал и Тотнем во борбата за местата кои водат во ЛШ. Натпреварот почна возбудливо, а веќе во 24 минита беа пoстигнати сите четири голови кои ќе се испостават како конечни. „Сините“ не успеаа да го скршат отпорот на Барнли во продолжението од натпреварот и ќе мораат да се задоволат со реми.