Челси го насмеа светот со својата најава за мечот против Вотфорд (ФОТО)

Фудбалерите на Челси вечерва ќе го пречекаат тимот на Вотфорд на домашен терен во натпревар кој е многу важен и за двете екипи.

Имено, по поразот на гостувањето кај Вест Хем, на Челси му е неопходна победа за да остане во добра позиција за едно од местата кои водат Лигата на шампиони.

Од друга страна, на фудбалерите на Вотфорд им гори под нозе, а евентуален пораз би можел да ги однесе во опасна зона.

Како увертира за овој натпревар, Челси направи одличен постер кој го насмеа целиот свет, а пораката е јасна, да се „убијат“ стршлените. Инаку, тоа е прекарот на Вотфорд, а симболиката е јасна.