Чалханоглу се враќа во Германија?

Турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу по се изгледа ќе го напушти Милан летово и ќе се врати во Германија.

Тренерот на „росонерите“ Џенаро Гатусо зимава не сакаше да го продаде фудбалерот од средниот ред, но сега работите се сменети. Турчинот постигна само еден погодок на 31 натпревар сезонава и раководството на Милан ќе го стави на трансфер листата.

Клубот од Милано за него бара околу 20 милиони евра и веќе неколку германски клубови пројавиле интерес, а најзаграеан бил Ред Бул Лајпциг. Чалханоглу во минатото го носеше дресот на Баер Левркузен.