Чаби Алонсо воведува нова политика - нема попуст за никого, дури ни за Винисиус и Мбапе

По катастрофалната сезона во која доби еден куп лекции од Барселона, Реал Мадрид со големи амбиции ја очекува претстојната натпреварувачка кампања.

За само 20-тина дена направени се многу промени, дојдоа нов тренер и три засилувања, а Чаби Алонсо кој го замени Карло Анчелоти на клупата најави и нов пристап. Минатата сезона многумина имаа забелешки на дефанзивниот пристап на поединци и шпанскиот стручњак сака тоа да го смени, особено кога станува збор за тие од нападот.

„Фудбалерите ќе мораат да трчаат и да се залагаат и во дефанзивните задачи. Кој не покаже волја и залагње, нема да игра, без оглед на името, статусот или голгтереските бројки. Не се заштитени ни најголемите ѕвезди во тимот“, наводно им рекол Алонсо на играчите, а алудирајќи на Винисиус и Мбапе кои минатата сезона имаат многу лоша статистика во одбраната на натпреварите од Лигата на шампионите.

Таквиот пристап ќе биде промовиран веќе на Светското клупско првенство каде Реал ќе атакува на титулата со цел да ја крене самодовербата за она што претстои. Првиот меч го игра утре вечер, од 21 часот против Ал Хилал.