Бура во Интер: Марота подготви шут-карта за десетина фудбалери!

Откако продолжи Серија А, Интер почна да бележи лоши резултати поради кои го загуби чекорот за титулата, а тоа ги налути челниците на клубот.

Капак на се беше вчерашниот пораз од Болоња на домашен терен, поради што веќе се најавени големи промени во клубот. Имено, вчера по поразот во соблекувалната бил присутен и Марота, кој збеснал поради поразот од 1-2.

Клубот до сега го договори Ашраф Хакими, а се очекува во Милано да пристигне и Емерсон Палмиери, Тонали, Видал...

Поради неколкуте имиња кои ќе пристигнат во клубот, повеќе нема место за Годин, кој иако е заштитен со договор, сепак поради лошите игри е на излезна врата од „Меаца“. Најавено е дека заедно со него ќе си замине и Азамоа, кој е далеку од посакуваната форма, поради повреда на колената, а и Галјардини покажа дека не е квалитетен за Интер.

Ќе бидат продадени и Борха Валеро и Матијас Весино, за да ги испразнат своите места во средниот ред, Моузес се враќа во Челси, Бираги во Фиорентина, а донесена е одлука и за Алексис Санчез, односно Интер нема да го задржи или да преговара за откупување на неговиот договор.

Италијанските медиуми пишуваат дека вкупно, десет играчи треба да го напуштат клубот.