Братот на Пол Погба ќе одговара пред суд за изнуда!

Матијас Погба, братот на Пол Погба, ќе одговара пред суд во случајот за изнудување пари од поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед.

Братот на Пол Погба заедно со уште неколку лица барал пари од тогашната ѕвезда на „црвените ѓаволи“, но на крајот тие не добијат 13 милиони евра, туку пријава во полиција и тужба.

Судот закажа рочиште на кое Матијас заедно со другите осомничени во случајот ќе се обидат да докажат дека се невини, меѓутоа мала е веројатноста за такво нешто и сите се соочуваат со сериозни казни.