Босанскиот дијамант пресече – си оди од Рома!

Босанската напаѓачка ѕвезда Един Џеко веќе сигурно е дека ќе си замине од Рома по завршувањето на сезонава и ќе го засили милански Интер, објави „Скај Италија“, повикувајќи се на релевантни информации.

Според „Скај“, Џеко после подолг период на шпекулации конечно донел одлука да си замине од римаксата „волчица“ сооглед дека е на една година од истек на договорот, а патем нема најави за продолжување на соработката. Џеко во „вечниот град“ дојде од Манчестер сити во 2015 година за 15 милиони евра.

Според италијанските медиуми, Интер и Рома веќе го договориле трансферот, па само се чека момент за да го обелоденат. Босанецот ќе биде вториот фудбалер на Рома, кој заминува во Интер откако лани Раџа Наинголан направи трансфер на „Џузепе Меаца“. Инаку Џеко во Интер доаѓа на барање на Антонио Конте, кој веќе извесно е дека ќе биде новиот тренер на „нераѕурите“.

Интер утре со победа против Емполи ќе го запечати настапот во ЛШ во идната сезона, за разлика од Рома која само теоретски може да стигне до настап во европската елита.