Борусија Дортмунд разгледува евентуални замени за Санчо

Борусија Дортмунд знае дека нема да може уште долго да го задржи Џејдон Санчо во своите редови, па еден од челниците на клубот призна дека веќе разгледуваат засилувања кои би биле замена за Англичанецот.

Силен интере за крилниот напаѓач има од Манчестер јунајтед, па бундеслигашот нема да остави ништо на случајот ако Санчо си замине.

„Ако Санчо си отиде од клубот, секако дека ќе направиме нешто во офанзивата. На нашата листа на желби имаме еден или двајца фудбалери“, изјави Михаел Цорг, спортскиот директор на „милионерите“.

Санчо сезонава запиша 17 голови и 16 асистенции во Бундеслигата. Со само 20 години тој стана еден од најбараните фудбалери во Европа.