„Бомба“ од Франција: Клоп договорил големо засилување за Ливерпул!?

Француските медиуми пишуваат дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп на лето ќе донесе талентиран фудбалер од Лига 1, а станува збор за 20-годишниот Хусем Ауар од Лион.

Ауар одиграл 53 натпревари за Лион досега и постигна 12 голови, а посебно добри настапи имаше сезонава во дресот на францускиот клуб.

Младиот фудбалер на Лион има одлични технички способности и контрола на топката, па токму поради тоа го посакуваат голем број европски гиганти.

Ливерпул, наводно, го договорил неговиот трансфер, иако младиот фудбалер нема ништо против да остане во Лион барем уште една сезона и дополнително да напредува.