Бивш премиерлигаш се вклучи во трката за Миовски

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски воодушеви со неговите настапи во Абердин, а со тоа привлече голем интерес од неколку екипи, меѓу кои се Саутемптон, Селтик, Ренџерс, Болоња, а во трката се потписот се вклучи и уште еден бивш премиерлигаш.

Интерес за македонскиот фудбалер покажа и Норич, кој оваа сезона се пласира во плејофот на Чемпионшип, меѓутоа испадна во полуфиналето од Лидс и веднаш тргна во потрага по нови засилувања за следната сезона.

Миовски минатата сезона постигна вкупно 26 голови и четири асистенции на 53 настапи за Абердин во сите натпреварувања.