Бивш фудбалер на Ливерпул: Се наоѓам на мрачно место, страдам од депресија...

Џордoн Ајб требаше да го наследи Рахим Стерлинг во Ливерпул пред неколку години и многумина сметаа дека ќе блесна во редовите на актуелниот англиски шампион, но тоа не се случи.

Фудбалерот долго време се мачи со депресија, а тоа го откри преку социјалните мрежи.

„Се извинувам на своите навивачи ширум планетава. Ми се гади од самиот себе, се наоѓам на мрачно место. Страдам од депресија. Ова не е само порака за да бидам актуелен во медиумите, навистина ми е тешко“, порача Ајб.

Минатата година имаше сообраќајка, а неколку месеци подоцна почна рехабилитација.

„Ви благодарам за поддршката. Тешки се времињава поради пандемијата. Важно ми е да ме поддржува семејството, ќе се средат работите“, напиша тој.

Ајб за Ливерпул одигра 58 натпревари и постигна четири голови.