Бензема им рекол во Реал: Кој може да одбие 400 милиони евра!

Последната „златна топка“ Карим Бензема после 14 години во Реал Мадрид откако дојде во 2009 година од Лион денеска и официјално си замина од „кралскиот клуб“ со кој беше петкратен европски шампион во изминатава деценија и сега ќе потпише за саудиски Ал Итихад.

Иако Бензема беше на чекор да потпише нов едногодишен договор со Реал Мадрид и безмалку сѐ беше најавено, па се чекаше официјализација на новата соработка, преку ноќ после неверојатно богата понуда од дури 400 милиони евра за настапи за Ал Итихад, ама и за амбасадорска улога во кандидатурата за СП 2030, Французинот се решил да прифати преселба на арапскиот полуостров.

Еден од најпознатите француски новинари, Санти Она од „Фут Меркато“, објави детали од разговор на Бензема во Реал Мадрид. Французинот прво го информирал тренерот Карло Анчелоти дека сака да си замине и дека многу примамлива е понудата од С. Арабија, а потоа го информирал и раководствот.

И откако еден соиграч го прашал зашто одбива шанса да продолжи во „кралскиот клуб“, Бензема само кратко и јасно одговорил.

„Како може да одбиеш 400 милиони евра, кој би го сторил тоа?“, рекол Бензема.