Бензема ги налути богатите газди на Ал-Итихад (ВИДЕО)

Францускиот напаѓач Карим Бензема почна да прави проблеми во саудискиот тим Ал-Итихад, а тоа не им се допаѓа на газдите на клубот кои му даваат вистинско богатство.

Бензема ги налути газдите на клубот со однесувањето кон навивачите на Ал-Итихад. Тие го чекаа да им ги потпише дресовите, но Французинот го направи тоа само на дресот од Реал Мадрид.

Наводно, во близина биле присутни и други фанови со дресот на Ал-Итихад, но Бензема ги игнорирал и си заминал по својот пат.