„Баварците“ го посакувале Санчез, но Чилеанецот имал „голем апетит“!

Полека, но сигурно на претставата и доаѓа крајот околу иднината на ѕвездата на Чиле и Арсенал, Алексис Санчез, кој е се поблизу до Манчестер јунајтед, но бил мета и на големиот бундеслигаш Баерн Минхен. Но и покрај големата желба да го видат во нивниот дрес, сепак Германците се предомислиле штом ги слушнале „ненормалните“ барања на Санчез.

Баерн Минхен сака да донесе идеален наследник на Рибери и Робен, а Санчез бил дефинитивно еден од фудбалерите кои се достојни за таква задача.

Во минатите години Баварците се обидуваа да го донесат Чилеанецот во своите редови, но тоа не им тргна од рака, па решија и оваа зима да си ја пробаат среќата, која очигледно повторно не ги послужи.

Која е причината за откажувањето на Баерн?

Причината е тоа што Санчез имал преголеми барања во однос на платата, а иако баварскиот клуб“ можел да му ги исполни желбите, сепак не сакал да го направи тоа затоа што така ќе се нарушела атмосферата во составот и во соблекувалнаа.

Инаку Санчез според најавите треба да има плата од 350 илјади фунти неделно.