Барселона за „канта сирење“ го украде големиот талент

Каталонскиот гигант Барселона и официјално го донесе во своите редови еден од најголемите таленти во фудбалот. Станува збор за 16 - годишниот напаѓач, Лоуи Бeри.

Бери важи за еден од најголемите таленти во англискиот фудбал кој за својата репрезентација до 16 години постигна седум погодоци во девет меча. Тој доаѓа од премиерлигашот ВБА, кој за овој трансфер, според правилата на ФИФА за компензација, ќе добие околу 130 илјади евра.

Инаку, за него беше заинтересиран и францускиот шампион ПСЖ. Наводно се било договорено за негов трансфер во Париз, но потоа се вклучила Барселона и му понудила дека следната сезона ќе биде ставен во јуниорскиот тим.