Барселона за едно полувреме го потопи Вилјареал: Победнички старт на Куман (ВИДЕО)

Барселона изминатово лето имаше многу проблеми, но се чини дека тоа не влијаеше на играта на фудбалерите, кои вечерва во првиот натпревар сезонава во Ла Лига го уништија Вилјареал со 4-0. 

Каталонците ја завршија работата уште во првото полувреме за да му донесат победнички старт на клупата на новиот тренер Роналд Куман. Ансу Фати со два гола им донесе водство на домашните од 2-0, а потоа Лионел Меси зголеми на 3-0 од пенал. Пао Торес во финишот на првиот дел си постигна автогол за конечни 4-0.