Барселона во проблеми: Меси ќе го пропушти и мечот против Валенсија

Аргентинецот Лионел Меси се повреди пред почетокот на сезоната, по што мораше да паузира одреден период од терените, па тоа ѝ создаде проблеми на Барселона.

Меси уште не е целосно рехабилитиран од повредата, па тренерот Ернесто Валверде не сака да ризикува и затоа реши да го одмори и против Валенсија во следното коло од шпанската Ла Лига.

Од друга страна, засега не е познато дали Луис Суарез ќе се врати на теренот, иако според првите шпекулации на шпанските медиуми, има голема веројатност за такво нешто.