Барселона се збогуваше со Меси: Ти благодариме! (ВИДЕО)

Барселона вечерва ги шокираше своите навивачи со информацијата дека Лионел Меси повеќе нема да биде дел од екипата поради нивните финансиски проблеми.

Каталонскиот тим ќе се раздели со Меси по долгогодишна соработка, а преку социјалните мрежи се збогуваа со Аргентинецот и објавија видео.

„Ти благодариме, Лео“, напишаа од Барселона.