Барселона освои бод против Билбао, но ги загуби Де Јонг и Педри!
Барселона нема по добро да го памети натпреварот затоа што во првото полувреме се повредија Френки Де Јонг и Педри, а колку ќе паузираат ќе биде познато по медицинските прегледи.
Екипата на Чави остана на третата позиција со 58 бодови, односно осум бода помалку од Реал Мадрид, додека Атлетик Билбао е петти со 50 бода.