Барселона носи бивш фудбалер на Реал Мадрид како замена за Суарез

Бразилскиот напаѓач на Валенсија, Родриго, кој беше во академијата на Реал Мадрид е една од потенцијалните желби на Барселона за замена за Луис Суарез, кој до крајот на сезоната нема да игра поради тешка повреда.

Родриго освен во нападот игра и на крилната позиција, па не е ниту блиску добар како што е Суарез, а тоа го покажуваат и бројките.

Уругваецот постигна 399 голови во 599 меча и притоа има 229 асистенции, додека Родриго одигра во кариерата 348 меча и досега постигна 102 гола и 58 асистенции.

Доколку го сака Барселона во свои редови, тогаш ќе мора да плати околу 60 милиони евра на Валенсија за трансфер.