
Барселона на лето сака да продаде четворица фудбалери, но никој од нив не сака да замине!
Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона сака да ги продаде Алехандро Балде, Кунде, Рафиња и Левандовски.
Но, има проблем, ниту еден од нив не сака да ја напушти Барселона, па нејасно е кој ќе си оди од клубот.
Со цел да ја подобри лошата финансиска ситуација, Барселона сака да продаде некои од играчите кои имаат висока цена.