Барселона ќе биде исфрлена од купот поради аматерски пропуст!?

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона во првиот меч против Леванте настапила со фудбалер, кој немал право за настап, па најверојатно ќе биде исфрлена од натпреварувањето.

Хуан Брандариз немал право на настап, односно бил под суспензија која ја добил во Б-тимот на каталонскиот гигант, но тренерот Ернесто Валверде го пушти во игра од првата минута во мечот одигра пред седум дена.

На тој начин Каталонците го прекршиле правилот 56.3 и најверојатно ќе бидат исфрлени од натпреварувањето без разлика на вечерашниот резултат против Леванте.

Да потсетиме, првиот меч го доби Леванте со 2-1 и вечерва на „Камп ноу“ ќе ја бранат предноста.