Барселона има нов капитен – Лионел Меси!

Шпанскиот шампион Барселона во новата сезона ќе има нов капитен и тоа во својот најдобар играч Лионел Меси, откако каталонската гордост денеска потврди кои фудбалери се избрани да ја носат лентата откако легендарниот Андрес Иниеста си замина од „Камп Ноу“.

Сосема очекувано, Меси ја доби капитенската лента по заминувањето на шпанскиот виртуоз од средниот ред, а заменици капитени на Аргентинецот сега ќе бидат Серхио Бускец, Жерар Пике и изненадувањето серхи Роберто.

Инаку, капитени на Барселона беша Карлес Пујол и Чави, а него го наследи Иниеста. Сега, Меси е предводник на Каталонците.