Барселона дава пет играчи за Интер да им го продаде Лаутаро?!

Барселона има намера да го ангажира Лаутаро Мартинез од Интер следното лето, па најверојатно нема да бира средства за да го купи. Потврда за тоа е и шпекулаците на италијанските медиуми, кои објавија дека Каталонците се подготвени да се ослободат од пет фудбалери поради Аргентинецот.

Каталонците долго време се заинтересирани за одличниот напаѓач, кој сигурно ќе биде големо засилување за нападот. Според некои информации, Мартинез веќе се договорил со нив и ќе добива плата од 17,5 милиони фунти годишно, но остануваат преговорите меѓу двата клуба.

Италијанскиот гигант не планира да го продаде Мартинез за помалку од 100 милиони евра, а тоа претставува голем проблем за Каталонците, кои имаат план да испратат дури пет фудбалери во Милано како дел од договорот.

Барселона, наводно, е подготвена во Интер да ги испрати Артуро Видал, Артур Мело, Жан-Клод Тодибо, Карлес Алења и Нелсон Семедо.