
Барса одреди „пристапни“ цени за дуелот со Валенсија - „само“ 900 евра (ФОТО)
Станува збор за стадион со капацитет од 6.000 евра за што Барса доби специјална дозвола од Ла Лига, но за да ги извади парите, односно повторно добро да заработи, клубот реши да продава влезници по цени кои не соодветствуваат со квалитетот на објектот. Така, за место во т.н. ВИП ложа , заинтересираните ќе треба да платат 900 евра што е премногу за стадион како помошниот на Барса.
За членовите на клубот (социоси), има цени по повластена цена, меѓу 42 и 78 евра, додека за гостинските навивачи, влезниците чинат 30 евра.