Барса до победа со – два автогола (ВИДЕО)

Актуелниот лидер во шпанската Ла Лига, Барселона го продолжи максималниот ефект во новата сезона, откако вечерва каталонската гордост стигна до лесна победа со 3-0 на гостувањето кај Џирона.

Барселона има шест од шест на стартот на сезоната и веќе 20 голови, а само два примени и до новиот триумф стигнаа иако најдобриот фудбалер на Каталонците, Лионел Меси не погоди во мрежата. Меси го има најдобриот старт во една сезона, со девет гола по пет меча, но денеска победата ја донесоа Адај со автогол во 17-та, Ираизоз ссо автогол во 48 и Луис Суарез во 69-та минута