Барди со „бомба“ од слободен удар обезбеди триумф за Леванте (ВИДЕО)

Нашиот интернационалец Енис Барди имаше фантастичен настап за Леванте и помогна во победата на својата екипа против Гетафе (0-1).

Леванте ја запиша втората победа по ред во Ла Лига, а за тоа најзаслужен беше токму Барди кој само 15 минути, откако влезе во игра, го реши натпреварот со гол од слободен удар.

Ова беше прв погодок во Ла Лига за нашиот интернационалец и големи пофалби за одличниот настап доби и од навивачите на социјалните мрежи.