Барди доби 65 минути на теренот, Леванте загуби од Валенсија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра 65 минути за Леванте, но неговиот тим беше поразен во пријателски натпревар против Валенсија.

Барди го почна дуелот против Валенсија и остана на теренот до 65. минута, по што беше постигнат единствениот гол на мечот во 71. минута преку Алдерете за триумф на „лилјаците“ од 1-0.