Балотели: Кога ќе ја освојат титулата ќе биде крај на светот!

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели повторно ја шокираше спортската јавност со својата изјава од минатото.

Балотели своевремено играше за Ливерпул, а на „Енфилд“ пристигна во 2014 година. Во тоа време сите го видоа како замена за Луис Суарез, кој замина во Барселона, но на крајот беше далеку од тоа. Овој контроверзен фудбалер постигна само четири гола, па затоа се врати во Милан.

Италијанскиот напаѓач се смета за еден од најголемите неуспеси во поновата историја на Ливерпул, а англиските новинари ја „ископаа“ неговата изјава од 2012 година, кога беше во редовите на Манчестер сити!

Балотели тогаш рече дека ќе биде крај на светот кога Ливерпул ќе ја освои титулата во Премиер лигата, а осум години подоцна се случи и тоа. „Црвените“ пред неколку дена беа и официјално промовирани како нови шампиони на Англија.

Тоа беше најголемата грешка во мојот живот. Освен навивачите кои ми беа фантастични, ништо не ми се допадна, дури ни моите соиграчи. Имав двајца тренери, Брендан Роџерс и Јирген Клоп, кои не ме импресионираа, не се согласував со нив, истакна Балотели по напуштањето на „Енфилд“.